OLIVAL ХИЈАЛУРОН ХИДРАТОР 4Х 30ml
Концентрираниот Хијалурон хидратор 4H е наменет за длабинска (ре)хидратација на сите типови кожа. Производот е во вид на серум со прозрачна, брзо апсорбирачка текстура, а се темели на синергиското делување на комплексот од 4 видови на хијалурон (Sodium Hyaluronate crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate и Hydrolyzed Sodium Hyaluronate), полиглутаминска киселина, ектоин и провитамин Б5 (пентанол).
Употреба: Се нанесуваат неколку капки на чисто, полувлажно лице, пред крема и/или масло. Во зависност од потребите на вашата кожа серумот може да се користи како самостоен производ или во комбинација со други Olival Professional серуми во текот на денот. Може да се користи долгорочно или како сезонски производ (на пример во зима).
Тип на кожа: Сите типови на кожа, вклучувајќи и хиперчувствителна кожа, чувствителна кожа склона кон иритации и дехидрација, розацеа, себороичен дерматит и слично.
Комплексот од 4 видови на хијалурон со своите специфични својства продираат во различни слоеви на кожата и ја враќаат влажноста и младешката исполнетост на кожата. Sodium Hyaluronate crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Sodium Acetylated Hyaluronate и Hydrolyzed Sodium Hyaluronate заеднички создаваат уникатна „мрежа“ која длабински продира, од првиот слој на кожата па се до дермисот и епидермисот. На тој начин ја хидрираат кожата одвнатре, на повеќе нивоа, па така помагаат во задржување на водата во нејзините слоеви со што се обновува нејзината природната еластичност и цврстина.
Полиглутаминската киселина ја задржува влагата, создавајќи заштитен слој на површината на кожата, со што се спречува трансепридермалното губење на водата. Моментално ослободува од чувството на затегнатост, ја штити од надворешните влијанија, ги смирува воспалителните процеси и и дава на кожата свиленкаста текстура.
Ектоин, вид на аминокиселина, ја зајакнува хидролипидната бариера и природната отпорност на кожата. Дополнително делува на процесот на хидратација.
Провитамин Б5 (пантенол) дава дополнителна нега, мекост и еластичност, го подржува делувањето на активните состојки и совршено го надополонува целовкупното регенеративно и хидратантно дејство на производот.
OLIVAL ХИЈАЛУРОН ХИДРАТОР 4Х
- Производител: OLIVAL
- Шифра на производ:2514
- Достапност:На залиха
-
990ДЕН.

-228x228.png)