За ПЗУ Аптека Хигија
ПЗУ аптеки Хигија се одликуваат со нов и модерен пристап во спроведување на фармацевтски услуги од областа на медицинска заштита и превенција. Прилагодени на потребите на современиот потрошувач, аптеки Хигија се препознатливи по единствениот начин на изложување на производите, модерен и привлечен дизајн на ентериерот на аптеките, комбинација на комфорт, чувство на топлина кои овозможуваат потрошувачот да се чувствува удобно и сигурно.
Аптеки Хигија се препознатливи по стручниот и љубезен персонал кој е обучен да Ви даде стручен совет и кој ќе Ви го олесни изборот на фармацевтски производи затоа што ние пристапуваме кон пациентот од аспект на неговите лични потреби.
Нашата фармацевтска услуга се темели на 5 вредности:
• Посветеност
Уште од првиот контакт со пациентите се трудиме да ги препознаеме нивните потреби и да одговориме на истите. Во основа на нашата грижа кон пациентите лежи тимскиот дух и посветеност на персоналот за Ваше подобро здравје.
• Енергија
Се трудиме уште од Вашиот прв чекор во аптеки Хигија да ја почувствувате позитивната енергија и виталност која ја поседува нашиот тим.
• Иновативност
Со иновативен пристап учествуваме во едукација на пациентите преку презентации и промоции.
• Љубезност
Љубезниот однос на стручниот персонал Ви дава сигурност и доверба дека сте го одбрале вистинскиот производ. Веруваме дека само така ќе допринесеме за зголемување на вербата кон превентивната терапија и од неопходноста за негување здрави животни навики.
• Компетентност
Нашиот стручен тим дава информации и совети за производите и нивното делување.
