• OLIVAL PROFESSIONAL КРЕМА ЗА ЛИЦЕ СПФ50 50ml

OLIVAL PROFESSIONAL КРЕМА ЗА ЛИЦЕ СПФ50 50ml

Кремата со прозрачна, пенаста текстура со заштитен фактор 50 ви пружа висока заштита од широкиот спектар на УВА и УВБ зрачења. Брзо се апсорбира, остава мазен мат финиш и не ја масти кожата, поради што е идеална за секојдневна нега и заштита на сите типови на кожа, вклучувајќи ја комбинираната и масна кожа.

 

Оваа крема е збогатена со ниацинамид и убикинон, односно коензим Q10. Ниацинамидот (витамин Б3) ја намалува појавата на неправилностите, го регулира лачењето на себумот и видливоста на порите, го изедначува тонот и текстурата на кожата. Убикинонот или коензим Q10 (антиоксиданс) штити од слободните радикали настанати од УВ зрачењето и околните стресови, ја стимулира синтезата на колаген, ја смирува кожата и делува превентивно против знаците на предвременото стареење.
Кремата за лице СПФ 50 може да се користи како секојдневна подлога за шминка и може да се комбинира со производи како Витамин Ц серумот и Хијалурон Хидраторот 4Х. Производот не содржи вештачки мириси и бои.

 

Употреба: Нанесете ја кремата, рамномерно на лицето како краен чекор во утринската рутина.

 

Предупредување: Повторете ја заштитата на секои неколку часа. Не останувајте предолго на сонце иако користите производ за сончање. Не ги изложувајте новороденчињата и малите деца директно на сонце. Прекуумереното сончање сериозно го загрозува здравјето.


Напишете коментар или оценка

Забелешка: HTML-от не е преведен!
   Лош           Добар
Спам верификација

OLIVAL PROFESSIONAL КРЕМА ЗА ЛИЦЕ СПФ50 50ml

  • Производител: OLIVAL
  • Шифра на производ:2635
  • Достапност:На залиха
  • 1,555ДЕН.