Omnitus сируп 200ml 4mg/5ml
Лекот ја содржи активната супстанца бутамират цитрат која припаѓа на групата синтетски антитусици со централно дејство (група лекови за лекување на кашлица). Ја спречува и смирува надразнителната кашлица. Исто така се користи и пред и после тераписки и дијагностички процедури во бронхиите (кај изведување на бронхоскопии), како и пред и после изведување на хируршки операции. Како дополнителна терапија се користи кај заболувањето пертусис (голема кашлица).
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

