NUK First choice+ TEMPERATURE CONTROL стаклено шише 120ml 0-6m + М силиконска цуцла
- Со индикатор за температура на храна, три линии на задната страна кај мерицата. Три темно сини лини - ЛАДНО; Три бели лини - Претопло; Три светло сини линии - Идеално (37°С).
- Мека силиконска цуцла со анатомски облик на мајчина брадавица во моментот на доење.
- Клинички тестирана за комбинирана исхрана при доење и исхрана со шишенце
- NUK "Anti Colic Air System" - уникатен вентил кој спречува болни загрцнувања и гасови.
- Мало 120мл со силиконска цуцла 0-6 месеци, отвор "М" за млеко и млечми формули.
- Големо 240мл со силиконска цуцла 0-6 месеци и отвор "M" за млеко и млечни формули.
- Широко грло за лесно ракување со храната - полнење и чистење.
- Високо квалитетно стакло - боросиликат.
- BPA Free, Произведено во Германија
Temperature Control - е најновата функција на NUK First Choice+ шишенцата со помош на која во секое време ќе знаете дали температурата на подготвената храна е соодветна за вашето дете. Оваа функција е представена во вид на три линии поставени на задната страна по должината на шишенцето, веднаш до мерната скала. Како што се менува температурата на храната така се менува и бојата на трите споменати линии. Доколку храната е претопла линиите ќе побелат т.е. ќе станат бели. Доколку бојата на линиите е темно сина во тој случај храната не е доволно загреана. Храната е на соодветна температура во момент кога трите линии ќе бидат СВЕТЛО СИНИ, т.е. температурата на храната е приближно 37ºC, што се смета за идеална температура за деца и бебиња. Секако не оставајте на случајноста, и секогаш пред да ја дадете храната на вашето дете проверете ја топлината на истата со капнување неколку капки на вашата дланка.

Со NUK First Choice+ програмата е направен уште еден чекор поблиску кон природниот начин на исхрана. First Choice+ цуцлата за шише има облик ма мајчина брадавица во моментот на доење и воедно го помага правилниот орален развој кај децата. Самата форма на цуцлата остава доволно простор за правилно и непречено функционирање на јазикот и долната вилица при цицање. Меката зона во горниот дел на цуцлата овозможува нејзино идеално прилагодување кон непцето без непотребен притисок врз истото. Anti-Colic Air системот претставен преку вентилот на цуцлата врши компензација на воздушниот притисок во шишенцето и спречува болни загрцнувања и гасови. Шишенцето е изработено од првоклсно стакло - боросиликат.
Повеќе инфо за NUK First Choice+ на линкот подолу:
NUK First choice+ TEMPERATURE CONTROL стаклено шише 120ml 0-6m + М силиконска цуцла
- Шифра на производ:3196
- Достапност:На залиха
-
660ДЕН.
